За нас

Добредојдовте во AudioVideoGarage  – ваш доверлив партнер во областа на мултимедија за автомобили и аудио производи. Нашата приказна започна во 2021 година, поттикнати од желбатада го трансформираме начинот на кој ги доживуваме нашитепатувања. Познати сме по нашата ангажираност за квалитет и стил, со што го обезбедивме нашето место на водечки дистрибутер на автомобилска мултимедија во регионот.   

Ние сме искусен тим, целосно посветен на создавањето на иновативни и персонализирани аудио и видео решенија за вашиот автомобил. Нашата визија не се ограничува само на продажба на производи, туку и на креирање на искуства кои оставаат длабок впечаток на нашите клиенти. Секоја монтажа, секој продукт и секој разговор со нас е можност да го направиме вашето возење уникатно и незаборавно.

НАЈДОБРОТО ОД AUDIO VIDEO GARAGE

Нашата мисија

Ние се фокусираме на задоволството на нашите клиенти, обезбедувајќи им најквалитетна услуга. Се стремиме кон тоа да бидеме лидери во индустријата со нашите понуди на најнови производи.

Што нудиме?

  • Авто радиа и мултимедии: Нудиме широк асортиман на радиа и мултимедии од најдобрите брендови. Продажба на големо или мало со професионална монтажа.
  • Авто озвучување: Нашиот асортиман на авто озвучување е проектиран да ја трансформира вашата возачка средина во искуство на звук без конкуренција. Во AudioVideoGarage, ние ги нудиме највисококвалитетните авто озвучувања на пазарот, со цел да ви обезбедиме кристално чист и моќен звук во вашиот автомобил.
  • Осветлување: Осветлете го вашиот пат со нашите квалитетни системи за осветлување што го прават возењето по ноќта сигурно и пријатно.
  • Авто камери: Обезбедете си дополнителна безбедност со нашите авто-камери кои гo олеснуваат вашето секојдневие.
  • Галантерија: За чисто и блескаво возило изберете од нашата понуда која вклучува стилски и функционални додатоци.

Нашите услуги

Секој клиент за нас е посебен, и затоа нудиме професионални услуги за монтажа на најсовремени аудио и видео уреди. Со сигурност ви гарантираме дека вашето возило ќе биде опремено со висококвалитетен уред кој ќе ви го олесни  секојдневието.